Бе-Да Логистик Дооел Скопје, компанија за организирање и посредување транспорт и шпедиција распишува оглас за работна позиција:
АГЕНТ ЗА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА
Потребни квалификации:
- Познавање на странски јазици (англиски-задолжително, албански)
- Со работно искуство
- Работно познавање на компјутери
- Возачка дозвола - Б категорија
Личен профил:
- Ведрост, претставителност и комуникативност
- Одговорност и професионалност
- Лојалност, иницијативност, флексибилност и енергичност
- Способност за тимска и самостојна работа
- Способност за работа под притисок
- Ориентираност кон клиенти
Опис на работното место:
- Секојдневна комуникација и услуга на клиентите
- Одржување и унапредување на изгледот на компанијата
- Други задачи поврзани со секојдневното функционирање на компанијата
Компанијата обезбедува:
- Телефон
- Персонален пренослив компјутер
- Едукација и обука, семинари итн.
- Обезбеден транспорт до работа и дома
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областа на транспортот, и сакате да бидете дел од нашиот тим испратете ја вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација.