Vrabotuvanje.com - Работник во магацин - Скопје - КОЛА ЛОГИСТИКА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Работник во магацин

Скопје

Application deadline:

  • КОЛА ЛОГИСТИКА ДООЕЛ

 

  Практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, професионализација на сите процеси и воведување високи стандарди во своето работење, заедно растеме и освојуваме нови хоризонти во продажбата и дистрибуцијата. Доколку имате желба да бидете дел од компанија со големо искуство која го разбира значењето на човечкиот капитал и се грижи за развојот на сопствените човечки ресурси и нивно натамошно усовршување и унапредување, Ве молиме внимателно проследете го следното:

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи КОЛА ЛОГИСТИКА ДООЕЛ Скопје го објавува следното слободно работно место: 

 


РАБОТНИК ВО МАГАЦИН
 


2 (два) извршители на определено време од 3(три) месеци со можност за продолжување 

Услови за вршење на работата:

  • ССС

Краток опис на работните обврски:

  • Спремање на роба за испорака по нарачка;
  • Одговорен за материјалната и финансиската состојба на стоката која ја спрема;
  • Врши утовар и истовар за потребите на магацинот;

​Работното време трае 40 часа неделно во работната недела.

​- прва смена од понеделник до петок од 07:00 часот дo 14:00 часот и сабота од 07:00 часот до  12:00 часот;

- втора смена од понеделник до петок од 13:30 часот до 21:30 часот и од вторник до петок од 13:30 часот до 21:30 часот и сабота од 11:30 часот до 19:30 часот.

Нето платата изнесува од 15.300,00 денари до 25.300,00 денари.

Вашата кратка биографија испратете ја преку полето БРЗА АПЛИКАЦИЈА или доставете ја на Ул.Качанички пат бр.254 во рок од 5 работни дена од 07.02.2022 година до 11.02.2022 година.

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од: Доколку се пријавиле до 200 кандидати за работното место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.  

Напомена: Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на КОЛА ЛОГИСТИКА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ул.Качанички пат бр.254, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри за потребите на КОЛА ЛОГИСТИКА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ул.Качанички пат бр.254. КОЛА ЛОГИСТИКА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ул.Качанички пат бр.254 гарантира дека освен за наведената цел, вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. КОЛА ЛОГИСТИКА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ул.Качанички пат бр.254 сите апликации ќе ги чува 12 месеци, сметано од денот на нивното добивање, освен во случај кога апликантот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истекот на утврдениот рок.


 

 

 


 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more