Vrabotuvanje.com - Техничар во Сервисен оперативен центар – Тим Струмица (локација Радовиш) - Струмица, Радовиш - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Техничар во Сервисен оперативен центар – Тим Струмица (локација Радовиш)

Струмица, Радовиш

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди. 

Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба за ангажирање на талентиранo  лицe на работно место:

Квалификуван техничар за активности за технички услуги за корисниците во Сервисен оперативен центар – Тим Струмица (локација Радовиш)

Одговорности

  • Реализира налози за инсталација на нови услуги или решавање на технички проблеми кај корисниците на МКТ, во сите сегменти (секударна мрежа, внатрешна инсталација, опрема);
  • Обезбедува инсталација или реконфигурација на сите типови на опрема кои се користат во обезбедувањето на услуги на МКТ;
  • Изведува активности за инсталација на внатрешна телекомуникациска/ИТ инсталација на корисничка страна;
  • Работи со соодветни апликации кои се користат во процесот на обезбедување на услуги или решавање на технички проблеми. Налозите се процесираат преку користење на апликаците на терен;
  • Непречено работи на висини до и над 2 м согласно правилникот за Безбедност и заштита при работа;
  • Врши нудење и продажба на услугите на Македонски Телеком на сите потенцијални корисници, дава и собира повратни информации на корисниците за производите и услугите;

Што очекуваме:

  • Тимски играч
  • Ориентиран кон исполнување на зададени резултати
  • Подготвен за работа со корисници
  • Способен да се справува со конфликтни ситуации
  • Услужлив и позитивен

Квалификации

  • Средно образование;                       
  • Со и без работно искуство:
  • Возачка дозвола- Б-категорија
  • Монтажерски и инсталациски компетенции на телекомуникациски кабли (бакар и оптика) и кабли LAN;
  • Работа со компјутери (MS Office) и работа со апликации за оперативно работење

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање Квалификуван техничар за активности за технички услуги за корисниците-Тим Струмица

Контакт информации тел. 02/3 242-602

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Installations, Maintenance and Repairs amounts to 24.722 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more