Vrabotuvanje.com - Соработник за експанзија - Скопје - Кам маркет
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Соработник за експанзија

Скопје

Application deadline:

  • Кам маркет

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа. 
 
Бараме амбициозни вработени, ангажирани и високомотивирани личности кои ќе придонесат за натамошниот успех и развој на нашата компанија и нудиме возбудливи задачи и проекти во динамична и интернационална средина, и со цел проширување на нашиот тимот во сектор опрема, градба и експанзија, бараме личност која ќе се придружи на нашиот тим на позиција:
 
Соработник за експанзија
 
Ваши задачи:
  • Учество во планирање на стратегија за експанзија на компанијата согласно концептот на компанијата
  • Учествува во анализата на пазарот на земјиште и недвижности релевантни за браншата на малопродажба
  • Анализа  на региони , учество во процеси поврзани со преговори за земјишта и недвижности
  • Следење на јавни понуди на недвижности
  • Следење на договорни обврски во врска со недвижностите
  • Анализа на режиски и комунални трошоци за недвижностите
  • Месечни извештаи и повремени презентации на недвижности
  • Општи Административни задачи
 
Вашиот профил:
  • Високо Образование со економска, градежна или правна насока
  • Mин работно искуство од 2 год.  на иста или слична дејност ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;AutoCAD
  • Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси
  • Педантност, организациски способности и комуникативност
  • Волја за успеси и постигнување на цели со мотивиран тим
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Поседува возачка дозвола Б категорија
 
Ние нудиме:
  • Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани и ќе се запознаете со инструменти коишто подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи
  • Почетна загарантирана нето плата од 32.288 денари за првите два месеци, од третиот месец нето плата до 44.000 денари
  • Исплата на регрес во износ 3 пати повисок од законски пропишаниот;
  • Слободен ден за роденден;
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во Кам;
  • Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден
  • Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид;
  • Работа во интернационална компанија, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
 
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул.35 бр.39, 1041 Илинден или преку полето Брза Апликација.
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница
 
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more