Vrabotuvanje.com - Менаџер за парични текови - Скопје - СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Менаџер за парични текови

Скопје

Application deadline:

  • СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ

Скопје Ист Гејт е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил.

За потребите на одделот за финансии распишуваме оглас за

МЕНАЏЕР ЗА ПАРИЧНИ ТЕКОВИ

Одговорности и работни задачи:

  • Ги следи сите уплати на сметки на Друштвото
  • Менаџира готовински текови во реално време
  • Развива и имплементира алатки за контрола и мониторинг на движењето на готовината
  • Подготвува проекции за парични текови
  • Усогласува побарувања и обврски
  • Ги планира денарските и девизнити плаќања согласно роковите и врши денарски и девизни плаќања како и евидентира девизини приливи од странство
  • Праќа известувања за извршени плаќања до добавувачи
  • Изработува и евидентира документи за компензација
  • Ја следи и контролира наплатата
  • Комуницира со банки
  • Прима и проверува влезни фактури од банки
  • Изработува финансиска документација и фактури
  • Го одредува благајничкиот максимум
  • Дава налози за изработка и доставување на налози во денарски платен промет

Потребни квалификации:

  • Сертифициран Trade Finance
  • Минимум 5 години искуство со Pantheon
  • Овластен сметководител
  • Познавање на напреден excel
  • Искуство во изработка на амортизациони планови
  • Искуство во изготвување на cash flow report
  • Искуство во соработка со банки и искуство со договори за порамнување

Работни услови:

  • Компензација во согласност со искуството и работните обврски
  • Ресурсите за работа се обезбедени од страна на работодавецот
  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
     
Доколку сакате да станете дел од овој возбудлив проект и воедно ги исполнувате потребните квалификации, доставете ја вашата кратка биографија преку означеното поле.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more