Скопје Ист Гејт е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил.
За потребите на одделот за финансии распишуваме оглас за
САМОСТОЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Одговорности и работни задачи:
- Книжи изводи
- Проверува, евидентира и книжи влезна документација
- Книговодствено ја евидентира и доставува до изведувачите-добавувачите излезната документација
- Ја води благајната
- Усогласува сметководствена евиденција
- Подготовува и пријавува даноци
- Врши организација и попис
- Комуницира со изведувачи-добавувачи
- Изготвува извештаи до кредитори и надлежни инситуции
- Соработува со ревизори за финансиски извештаи
- Учествува во изготвување на завршни сметки и финансиски извештаи IFRS
- Изготвува Договори за порамнување
Потребни квалификации:
- Лиценца за овластен сметководител
- Минимум 5 години искуство со Pantheon
- Напредно познавање на MSS & MSFI
- Напредно познавање на excel
- Искуство во изготвување на завршна сметка
- Искуство во изготвување на финансиски извештаи
Работни услови:
- Компензација во согласност со искуството и работните обврски
- Ресурсите за работа се обезбедени од страна на работодавецот
- Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
Доколку сакате да станете дел од овој возбудлив проект и воедно ги исполнувате потребните квалификации, доставете ја вашата кратка биографија преку означеното поле.