ТЕ-ТЕ ПЛАСТ д.о.о.е.л. е извозно ориентирана компанија која што се занимава со изработка на алати/калапи за бризгање/дување пластика, лиење на алуминиум и сериско производство и монтажа на компоненти од пластика.
Одговорности:
- Следење на барањата и трендовите на пазарот
- Идентификување на пазари во развој и промени на пазарот
- Анализа на потенцијални клиенти
- Воспоставување контакт и претставување на компанијата пред потенцијалните клиенти
- Креирање и имплементирање на стратешки бизнис план кој ја проширува клиентската база на компанијата
- Постигнување на раст на продажбата преку план кој што ќе се презентира пред врвното раководство во фаза на планирање и во фаза на реализација на одреден временски период
- Сопствено регрутирање, поставување цели, тренинг и следење на перформансите на трговските претставници
- Тековни извештаи за продажба, приходи и расходи и реални прогнози за менаџерскиот тим на месечно, квартално, годишнпо ниво
- Контрола на месечни и неделни планови
- Организирање и водење архива
- Водење записници од состаноци и подготвување на извештај
- Управување со календарот на директорот, договарање и организирање состаноци
- Организирање деловни патувања, што покрива организација на патување и сместување
- Контрола на нарачките на добавувачи (услови, цена)
- Следење на перформанс на плаќање на добавувачите
- Контрола на динамиката и обемот на договорените нарачки со клиентите
- Контрола на продажбата на робата со попуст
- Контрола на калкулацијата со влезни фактури и впишување (дневно впишување на документите)
- Контрола на записникот за одобрен попуст
Потребни квалификации:
- завршено соодветно високо образование - МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ
- задолжително претходно работно искуство на наведената позиција
- високо развиени аналитички, организациски и комуникациски способности
- одлично познавање на MS Office
Способности кои се потребни да се поседуваат:
- способност за работа во тим
- одговорност и аналитички способности
- иницијативност и адаптабилност
- организациска способност за работа под притисок и запазување на крајни рокови
Ние нудиме:
- вреднување и наградување на вашата работа и залагање
- стабила и позитивна работна атмосфера во професионален, динамичен и млад тим во пријатно работно опкружување
- предизвик, стабилност и можност за учење и напредување
- континуирано усовршување
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат и да достават свое CV преку полето Брза Апликација, со назнака: Апликација за работно место: Проект лидер. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.