Vrabotuvanje.com - Фасилитатори за Lean Operational Excellence - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Фасилитатори за Lean Operational Excellence

Охрид

Application deadline:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
ФАСИЛИТАТОРИ ЗА LEAN OPERATIONAL EXCELLENCE
 
Коj ќе бидe водечкиa фигурa во имплементацијата на Lean методологијата и проектите во рамките на КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, но и пошироко.
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Учество во интензивна обука за фасилитатор за LEAN Operational Excellence.
  • По завршувањето на обуката распоредување на работно место во рамките на организација надлежна за континуирано подобрување и имплементацијата на различни LEAN проекти и иницијативи;
  • Идентификација и реализација на потенцијалите за оптимизација во оперативен контекст;
  • По потреба, извршување на различни LEAN проекти нa интернационални локации каде што е присутна Групацијата КОСТАЛ;
  • Други работни задачи по налог на претпоставените раководители;
Образование, искуство, вештини, личносни карактеристики:
  • ВСС, пожелно од техничките науки;
  • Пожелно претходно работно искуство во производствена средина;
  • Пожелни претходни познавања и работа со имплементација на Lean методологија, или работа на проекти и иницијативи за континуирано подобрување;
  • Ентузијазам за учење на нови нешта и тежнеење кон оперативна одличност во рамките на организацијата;
  • Интерес за прашања и процеси од областа на производството;
  • Прифаќање и тежнеење кон континуирано и одржливо подобрување на процесите;
  • Изразени способности за организација и управување со проекти;
  • Интерес за нови идеи, концепти, алати и култури.
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Одлично познававање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint); 
  • Спремност за чести патувања, подолги престои во странство заради обука и/или работа;
  • Нагласена проактивност, одлични вештини на комуникација и презентација со сите нивоа на организацијата, способност за раководење и мотивирање на тимови, вештини на донесување на одлуки и справување со конфликти;
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан; 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето Брза Апликација со назнака (ФАСИЛИТАТОРИ за LEAN OPERATIONAL EXCELLENCE)  
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more