Вработување ХР Солутионс, за потребите на свој клиент ШПАР Хрватска – еден од најголемките трговски ланци во Хрватска објавува оглас за регрутирање на кандидати за работна позиција:
ПРОДАВАЧИ - КАСИЕРИ
(во Загреб - Република Хрватска)
- Претходно работно искуство е пожелно, но не е задолжително -
Опис на работни задачи и обврски:
- Работа на каса
- Изложување и редење на производите на полиците во маркетите
- Контрола на квалитетот на производите и нивните рокови на траење
- Полнење на полиците со производи и контрола на изложените цени
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Пожелно е предходно работно искуство во продажба
- Познавање на хрватски јазик ќе се смета за предност
- Способност за одлична комуникација и услужување на купувачи
- Способност за тимска и индивидуална работа
- Висок степен на лична одговорност и иницијатива во работењето
- Важечки македонски пасош.
Услови за работа:
- Работно време од 40 работни часа неделно
- Обезбедени средства за топол оброк
- Обезбедено сместување за времетраење на договорот за работа
- Обезбеден месечен билет за градски превоз
- Покриени трошоци за издавање на дозвола за работа и престој во Хрватска
- Платена повратна карта за одмор и посета на семејството во Македонија за работниците кои ќе работат повеќе од 6 месеци.
Ве покануваме, доколку имате интерес за работа во ШПАР - Република Хрватска и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација или на маил: regrutacija@vrabotuvanje.com.mk со назнака за позицијата “Продавачи – касиери за СПАР“ или јавете се на бројот 071 305 939 за повеќе информации, најдоцна до 25.02.2022 година.
Ви благодариме за вашиот пројавен интерес!