РЕФЕРЕНТ НА МАТЕРИЈАЛНА ЕВИДЕНЦИЈА ЗА МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ
ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
- Образование – Високо или ССС
- Одлично познавање на Microsoft Office
- Добро познавање на Англиски јазик (пишување и говорење)
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Тимска работа и кооперативност
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Внесување на примениот материјал во ЕРП по извршена контрола од магационерот
- Отварање на работни налози за производство на челични конструкции и арматура
- Внесување-отварање на нови проекти за челични конструкции и арматура во ЕРП
- Лоцирање на материјалот од залиха и требовање на материјалот во ЕРП
- Поврат на неискористениот материјал во ЕРП
- Издавање на готов производ и креирање соодветна документација во ЕРП
- Месечна проверка на готов и полупроизвод во соработка со шефот на производсто
- Подготвување на месечни извештаи за произведените количини на челик и арматура
- Подготвување на месечни извештаи за состојбата во магацинот (репро материјали, полу производ, готов производ) во соработка со магационерот
- Доставување на месечните извештаи до финансискиот оддел
- И други административни задачи во ЕРП
- Почитување на сите БЗР правила и стандарди и преземање на сите БЗР мерки при извршување на дневните обврски
Предност при вработување ќе имаат лица со искуство со ЕРП програмот Пантеон и со искуство во металната индустрија.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме вашите апликации испратете ги преку полето Брза Апликација со назнака “Референт на материјална евиденција во сметководство и логистика” или на info@steelcon.mk