Vrabotuvanje.com - Лица за дневна нега и грижа за кучиња - Скопје - AVAV HAPPY DOG DOO SKOPJE
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Лица за дневна нега и грижа за кучиња

Скопје

Application deadline:

  • AVAV HAPPY DOG DOO SKOPJE

лица за Дневна нега и грижа за кучиња 

 

Локација: Скопје

АвАв Хепи Дог е лиценциран пет центар за нега и сместување на кучиња. Постоиме од 2017година, и располага со Хотел за миленици, Дневна градинка, Тренинг центар, организација на настани и родендени и фризерски услуги за миленици

АвАв Хепи Дог бара високо мотивирани и одговорни нови членови кои ќе се приклучат на нашиот тим за чување на кучиња ! 

Дали сакате работа како дел од силен тим кој се грижи за кучиња кои се во градинка, хотел или на фризер во АвАв Хепи Дог Пет Центарот за кучиња?
Дали е ова професија за која секогаш сте сонувале да ја имате ?
УНИКАТНА МОЖНОСТ ЗА ОБУКИ, ТРЕНИНЗИ, НАДГРАДБА НА ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊА ЗА НЕГА НА КУЧИЊА !
Во нашиот хотел за кучиња задоволството и среќата на кучето е пред се, затоа искуството и знаењето за социјална интеракција со кучињата се неопходни. Доколку сте вистински љубител на кучиња и добро комуницирате и со кучиња и со луѓе, бидејќи се работи за тимска работа пријавете се за работното место :
дневна нега и грижа за кучиња
Нашата цел како тим е да им овозможиме на нашите гости одлична услуга во дневната нега и високи стандарди во хотелскиот престој за кучињата. Доколку сакате кучиња, доколку сте хумани, доколку сте смирена и релаксирана личност, доколку сте вредни и работливи и доколку поседувате позитивна енергија и умеете со животните, а кучињата ве сакаат, тогаш побарајте не!

1 Потребни квалификации

  • Задолжително познавање на англиски јазик, говорење и пишување
  • Задолжително е лицето да е полнолетно
  • Совладани вештини за услужност и работа со клиенти
  • ССС
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција не задолжително но ќе се смета како предност
  • Со живеалиште во Скопје
  • Љубезност и педантност, со позитивен став
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Симпатија кон домашни миленици
  • Можност за справување со куче
 

2 Личен профил

  • Можност за работа во средина со кучиња (љубител на кучиња)
  • Лице кое води сметка за лична хигиена и хигена на работно место
  • Комуникативна, одговорна и лојална личност
  • Тимска работа и професионален однос кон клиенти
  • Завршено образование во областа на ветерина ќе се смета како предност

3 Ние нудиме

  • Работа во 2 смени, прва смена од 8:00ч - 16:00ч , втора смена 12:00ч - 20:00ч
  • Плата по договор
  • Пробен период
  • Пријавување со платени придонеси
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Care (children, elderly...) amounts to 16.702 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more