Империал Тобако ТКС а.д. Скопје
Ви нуди вистински предизвик – да работите во компанија – лидер на пазарот
Империал Тобако ТКС а.д. Скопје е дел од Империал Тобако Групацијата (ИТГ), една од светските водечки мултинационални компании со продажба во над 160 земји во светот. Географската и оперативна разновидност обезбедува цврстина на бизнисот и платформа за понатамошен развој.
Бидете наш:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
(определен период – 1 година)
Со:
- Висока стручна спрема (Економски факултет, насока Сметководство и ревизија се смета за предност);
- Најмалку 1 година релевантно работно искуство во областа на финансии и сметководство;
- Познавање на сметководствените стандарди и принципи;
- Искуство во интернационална компанија и работење со производи за широка потрошувачка во областа на финансии и сметководство се смета за предност;
- Високо развиени комуникациски и организациски вештини, аналитички способности, способност за индивидуална и тимска работа;
- Напредно познавање на деловен англиски јазик;
- Одлично познавање на компјутерски програми во MS Office;
- Познавање на SAP и QAD програми ќе се смета за предност.
Општи одговорности на работното место:
- Книжење на финансиска и материјална документација;
- Разновидни и сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствени стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи;
- Подготовка на редовни месечни финансиски извештаи;
- Подготовка на статистички извештаи;
- Комуникација со релеванти државни институции.
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации
можат да испратат мотивациско писмо и биографија (CV)
најдоцна до 07 март 2022 преку полето Брза Апликација.