LPP е интернационална компанија која над 20 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот.
“Нашиот тим го сочинуваат над 25000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.”
Нашата мрежа од околу 1700 продавниви во Европа, Азија и Среден Исток се проширува и во Македонија и за таа цел сме во потрага по кандидати за позиција:
Deputy Store Managers
(Заменик Менаџери на продавници)
Локација: East Gate - Скопје
Основни одговорности
- Исполнување на продажни цели
- Разбирање на потребите на купувачите и асистенција при откривање и избор на нашите производи
- На брз и ефикасен начин доставување на точни и прецизни информации на купувачите за производи, цени, промоции.
- Обезбедување на високо ниво на задоволство од страна на купувачите и одлична услуга за време на целата асистенција
- Му помага на Менаџерот на продавница во одржување на одлични услови во продажниот објект и како и во запазување на визуелни страндарди кои ги налагаат брендот и компанијата
- Справување со забелешки и примедби изнесени од страна на купувачите
- Работење и наплата на каса
Што очекуваме
- Степен на образование – ВСС
- Релевантно професионално искуство на иста или слична позиција во текстилна индустрија
- Одлични комуникациски вештини
- Напредни тим лидерски вештини и искуство во водење на тим
- Одлични организациски вештини (способност за приоретизирање и поставување на цели)
- Задолжително е познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)
- Напредно ниво на познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
Ние Ви нудиме
- Стабилна позиција во сигурна и реномирана интернационална компанија во областа на модна индустрија
- Динамична работна средина
- Можност за кариерен раст и развој
- Атрактивна месечна плата со дополнителен бонус систем и дополнителни бенефити
- Пријатна и пријателска работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење и одлична тимска работа
- Континуирана можност за едукација и унапредување на професионални вештини, како и стекнување на нови
За аплицирање проследето го вашето CV на англиски јазик преку полето Брза Апликација, најдоцна до 14.03.2022.
Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.