Vrabotuvanje.com - Комерцијалист за теренска продажба - Скопје - АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Комерцијалист за теренска продажба

Скопје

Application deadline:

  • АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ


Од самото основање па се до денес, Нашата компанија АТОМЕМ ДОО е компанија која овозможува врвна услуга во областите на продажба, дистрибуција и логистика користејќи ги најсовремените идеи, можности и ресурси.

Во своето долгогодишно работење, покажуваме професионалност, ориентираност кон нашите деловни партнери, како и обезбедување максимална дополнителна вредност за финалните потрошувачи. Долгогодишното искуство и доверба помеѓу домашните и странските соработници, на нашата компанија и овозможуваат стабилен и перманентен раст, комбиниран со позитивна енергија, флексибилност и креативност.

Огромното искуство овозможи технолошка комплетна понуда на напредни производи и врвен квалитет, поткрепени со стандарди за еколошка безбедност и заштита на човековата средина. Супериорната визуелна препознатливост на продажните места, потполното задоволство на потрошувачите и победничкиот дух на нашиот продажен тим остануваат нашите главни приоритети во тековното успешно работење.

Атомем ДОО Скопје во моментов има потреба од следната работна позиција:

Комерцијалист за теренска продажба (реон Скопје)

Одговорности:
  • Теренска (амбулантна) продажба на средства за перење и одржување возила
  • Посета на постоечки купувачи и унапредување на соработката
  • Почеток на соработка со нови купувачи
  • Купувачи: Авто-перални, сервиси за одржување на возила, detailing центри
Потребни квалификации:
  • Минимум завршено средно образование
  • Претходно работно искуство во продажба на средства за перење и одржување на возила ќе се смета за предност
  • Работно познавање од компјутери (MS Office пакет) ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б – категорија, активен возач (минимум 2 години)
Очекувани вештини и способности:
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Организациски и аналитички способности
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Динамичност, иницијативност и насоченост кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Работа на терен
Нудиме?
  • Одлични услови за работа со професионален тим
  • Континуирана обука и можност за напредување

Огласот е активен 15 дена од денот на објавувањето.
 
Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликацијасо назнака на апликацијата „за Комерцијалист“.
 

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more