Производителот на сувомесни производи и трговец на големо со прехрамбени производи ПЕКАБЕСКО АД заради остварување на своите цели објавува оглас за следнава работна позиција:
хигиеничар во бифе - садомијач (1 извршител)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Средна стручна подготовка (угостителската насока ќе се смета за предност),
- Со или без работно искуство.
Работни услови:
- Работниот однос се склучува на определено време од 3 месеци ( со можност за продолжување ),
- Вкупни месечни примања 18.000 денари.
- Неделното работното време изнесува 40 часа и се одвива во две смени,
- Обезбеден е топол оброк и превоз.
Напомена:
- Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување.
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите,
- Испратете го вашето CV ( молба ) на е-маил cv@pekabesko.com.mk
- Апликациите да се достават заклучно со 10.03.2022 година.
Пекабеско АД