ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на две позиции:
ЕКОНОМИСТ
Работни задачи:
Книжење на финансиската и материјална документација;
Контрола и водење на архива на фактури;
Наплата од клиенти;
Финансиско контроли, споредби, анализи и извештаи на дневно, месечно и 6-месечно ниво
Сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи;
Придржување во целост на интерните политики и процедури;
Учество во проекти, меѓусекторска иницијатива и задачи;
Потребни квалификации и способности:
Високо образование – Економски факултет;
Поседување лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност;
Задолжително познавање на MS Office пакетот (за предност ќе се смета напредно познавање и искуство во негово работење);
Работењето во PANTHEON ќе се смета за предност;
Задолжително претходно работно искуство на наведената позиција;
Високо развиени аналитички и комуникациски и презентерски способности, вештини за организирање;
Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај ќе се смета за предност;
Познавање на целокупно материјално и финансово работење;
Активно познавање и следење на новите законски прописи;
Познавање на англиски јазик;
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш аплицирајте преку полето Брза Апликација и наведете го името на огласот.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!