Vrabotuvanje.com - Специјалист за човечки ресурси - Скопје - ОРБИКО ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за човечки ресурси

Скопје

Application deadline:

  • ОРБИКО ДОО

 

Орбико е водечки дистрибутер за голем број на квалитетни, глобално познати брендови кои се движат од производи за нега и убавина, прехрамбени и непрехрамбени производи, технички и електрични апарати, лекови, играчки, текстил, цигари, моторни масла и многу други производи. Богатиот и разновиден спектар на брендови и производи бара висок степен на флексибилност, отвореноста на постојани промени, флексибилна организација и инвестирање во развој на луѓето и во брендовите.

Орбико има потреба од огласување за подолу наведената работна позиција:
 

 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

Одговорности:

  • Подготовка на договори и други акти од областа на човечки ресурси;
  • Водење на евиденција и ажурирање на  вработени (HR софтвер и досиеја на вработени);
  • Водење евиденција за отсуства на вработените (годишен одмор, боледувања);
  • Водење на процес на регрутација, селекција, интервјуа и избор на кандидати;
  • Спроведување на планови за обука и развој;
  • Подготвување формулари за мерење на постигнувањата на вработените и  координација на процесот на оценување;
  • Имплементација на  политики за човечки ресурси во организација.

Потребни квалификации:

  • Висока стручна подготовка (Менаџмент на човечки ресурси, Правен факултет, Бизнис администрација или Психологија);
  • Работно искуство од областа на човечки ресурси;
  • Одлични вербални и писмени комуникациски вештини;
  • Владеење на англиски јазик и MS Office;
  • Организација и водење на проекти и настани од областа на човечки ресурси.

Професионални знаења и способности:

  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови;
  • Вештини за управување со тим;
  • Добри способности за решавање проблеми.
     

Испратете Ваша професионална биографија (CV), најдоцна до 14.03.2022 година преку полето Брза Апликација.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Human Resources amounts to 36.801 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more