Продолжете да се развивате со ПроКредит Банка
Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на нашата компанија и сте љубопитни за другите земји и култури
ПроКредит Банка вработува:
Советник за клиенти – правни лица за регионот Тетово и Гостивар
Потребни вештини/знаења/одговорности:
- Одговорност за сопствено портфолио на клиенти – правни лица
- Одговорност за континуирана потреба за зголемување на базата на клиенти преку активна аквизиција на нови клиенти како и добар customer care на постоечките клиенти за кои вработениот на позицијата е одговорен
- Аналитички способности со цел изготвувавње на финансиска анализа врз база на сметководствените податоци на правните лица
- Завршено високо образование и одлично познавање на англиски јазик
- Задолжително е претходно искуство на позиција која опфаќа директна работа со клиенти правни лица во друга финансиска институција (банка) од минимум 3 години
- Способност за тимска работа
- Способност за носење на одлуки и решавање проблеми
- Одлични интерперсонални способности, со можност за лесна и ефикасна комуникација со колегите на сите нивоа
АПЛИЦИРАЈТЕ!
Аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на следнава емаил адреса mkd.job@procredit-group.com не подоцна од 31.03.2022 година.
Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа работа. Воедно во електронската пријава во делот за мотивациско писмо треба да ги наведете Вашите амбиции за аплицирање, а кои ќе бидат во релација со содржината од нашата меѓународна веб страна (www.procredit-holding.com) и веб страната на нашата банка (www.pcb.mk).
Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.
Бидете информирани дека само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани и поканети во следните фази на регрутирање. Процесот на избор на кандидат, ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.