Nomad Foods е европска водечка компанија за замрзната храна и една од најголемите во светот. Портфолиото на одличните брендови на компанијата кое ги вклучува Birds Eye, Findus, Iglo а од неодамна и Ledo и Frikom со генерации им служи на локалните европски пазари и се залага за храна која е со одличен вкус и висок квалитет.
Како дел од семејството Nomad Foods, компанијата Фриком Београд Дооел објавува оглас за вработување на персонал за територијата на град Скопје за следната позиција:
УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА/КОМЕРЦИЈАЛИСТ
- Минимум ССС – завршено вишо или високо образование ќе се смета како предност
- Работно искуство од минимум 2 години на иста позиција
- Познавање на МS Office програма и работа со компјутер
- Возачка дозвола Б – категорија/активен возач
Одговорности и задачи:
- Планирање и организирање на продажни активности
- Следење и реализација на зададен таргет план и рута на посета на објекти
- Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата
- Развивање и одржување на односи со коминтентите
- Следење и грижа за наплата
Вашата професионална биографија можете да ја доставите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на апликацијата за оглас за “Унапредувач на продажба/комерцијалист”.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!