Vrabotuvanje.com - Инженер технолог - Прилеп - МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инженер технолог

Прилеп

Application deadline:

  • МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП

За Микросам:

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 290 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:

ИНЖЕНЕР ТЕХНОЛОГ

 

Основни одговорности и задачи:

  • Учество во интердисциплинарни истражувања и проекти за развој на работата со хемиски инженери, машински инженери, електрo инженери, програмери и други професионалци;
  • Развивање на контролата на квалитетот на производи и процеси;
  • Изработка на технолошки основи за инвестициски проекти и учество во реализацијата на инвестициските програми;
  • Изработка и воведување на технолошки и технички спецификации и методи за проверка на супстанции и процеси, како и проверка на усогласеноста на тие својства во спецификите;
  • Пронаоѓање, отстранување и превентивно дејствување на неусогласеноста на супстанциите и постапките со спецификите.
  • Проучување на технолошките аспекти на одделни материјали, производи и советување во врска со нив;
  • Техничка соработка и консултации со други релевантни експерти;
  • Контактирање и посета на добавувачи и купувачи надвор од Македонија

Квалификации и компетенции:

  • Завршен Технолошки факултет или при крај на студии
  • Задолжително познавање на англиски јазик, писмен и говорен (секој друг јазик е предност)

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенијa
  • Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
  • Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
  • Организиран превоз и храна

Отворената позиција е за во нашите канцеларии во Прилеп.

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето за Брза Апликација или на следната email адреса: prijava@mikrosam.com

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.

Рокот за пријавување е до 16.04.2022.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 

Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more