Vrabotuvanje.com - Помлад продавач на бензинска станица - Територија на Р. Северна Македонија - МАКПЕТРОЛ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Помлад продавач на бензинска станица

Територија на Р. Северна Македонија

Application deadline:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на 49 работници на определено време во „Макпетрол“ АД. – Скопје во Дирекцијата за малопродажба и тоа:
 


РЕГИОH БИТОЛА

Бензинска станица во Битола

  • 5 работници на работно место помлад продавач на определено време од 5 месеци

Бензинска станица во Демир Хисар

  • 1 работник на работно место помлад продавач на определено време од 5 месеци

Бензинска станица во Ресен

  • 1 работник на работно место помлад продавач на определено време од 5 месеци 

РЕГИОН ОХРИД

Бензинска станица во Охрид

  • 2 работници на работно место помлад продавач на определено време од 5 месеци

ВАРДАРСКИ РЕГИОН

Бензинска станица во Кавадарци

  • 2 работници на работно место помлад продавач на определено време од 5 месеци

Бензинска станица во Неготино

  • 4 работници на работно место помлад продавач на определено време од 5 месеци

Бензинска станица во Валандово

  • 1 работник на работно место помлад продавач на определено време од 5 месеци

Бензинска станица во Гевгелија

  • 4 работници на работно место помлад продавач на определено време од 5 месеци

Бензинска станица во Велес

  • 6 работници на работно место помлад продавач на определено време од 5 месеци

РЕГИОН СТРУМИЦА

Бензинска станица во Струмица

  • 2 работници на работно место помлад продавач на определено време од 4 месеци

Бензинска станица во Радовиш

  • 2 работници на работно место помлад продавач на определено време од 4 месеци

Бензинска станица во Штип

  • 5 работници на работно место помлад продавач на определено време од 4 месеци

РЕГИОН КОЧАНИ

Бензинска станица во Делчево

  • 2 работници на работно место помлад продавач 5 месеци

РЕГИОН ПОЛОГ

Бензинска станица во Кичево

  • 4 работници на работно место помлад продавач на определено време од 5 месеци

Бензинска станица во Тетово

  • 7 работници на работно место помлад продавач на определено време од 5 месеци

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
  • Познавање на англиски јазик.

Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведените работни места изнесува 22.000 денари.
Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Писмо за мотивација со јасно нагласено работно место за кое аплицираат;
  • Кратка биографија;
  • Копија од диплома за завршено образование;
  • Препорака од претходен работодавач;
  • Уверение од кривична евиденција;
  • Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје

лица за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
или

лице за контакт: Симе Манчески
телефон за контакт: 02/3146-532

 
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more