Vrabotuvanje.com - Референти за продажба во Охрид - Охрид - СЕТЕК Се од Техника ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Референти за продажба во Охрид

Охрид

Application deadline:

  • СЕТЕК Се од Техника ДООЕЛ Скопје

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, Аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 27 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 400 вработени.

Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите вработени.

Наша цел е да регрутираме, мотивираме и да ги задржиме најдобрите луѓе, додека во исто време креираме позитивен баланс меѓу работното време и личниот живот на нашите вработени.

Горди сме на тоа што го имаме веќе постигнато, но секогаш се стремиме кон подобро и затоа потребни ни се ентузијасти, способни и лојални кандидати: 

РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО ОХРИД


Потребни квалификации:
  • Минимум ССС;
  • Поседување вештини на продажба
  • Пожелно, но не е неопходно претходно работно искуство со продажба во некои од овие области: ИТ, ТВ, Бела Техника, Мали кујнски апарати, Aудио и Видео;
  • Познавање на работа со компјутер, Microsoft Office пакетот, Интернет пребарувачи;
  • Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;
  • Способност за комуникација со купувачот  
  • Способност за тимска работа
 
Нашиот референт за продажба:
  • Добро ги  познава производите, постојано ги следи најновите трендови во индустријата
  • Знае да ги открие потребите на купувачите
  • Придонесува за неповторливо купувачко искуство
  • Ги решава проблемите на клиентите и знае да се справи со различни типови на купувачи
  • Се грижи за тимот и со колегите заеднички се стремат кон поуспешна продажба во салонот
 
Ние нудиме:
  • Тимска работа и менторирање од колега со долгогодишно искуство
  • Работа во две смени, 40 часа неделно
  • Со распоредот на смените секој втор викенд е слободен
  • Основна плата и таргети кои зависат од искуството и успешноста во продажба
  • Обуки за напредок и усовршување на продажни вештини 
  • Обуки од врвни производители на техника
     

Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија (CV) - ЗАДОЛЖИТЕЛНО со слика не постара од 6 месеци на e-mail адресата vrabotuvanje@setec.mk.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more