Компанијата ТАВ Македонија има потреба од сезонски работници за следните работни позиции:
ЗАПОЗНАЈТЕ НÈ
ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 92 аеродроми во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од водечката платформа за управување со аеродроми на глобално ниво. Во Република Северна Македонија, ТАВ Аеродроми ги опслужуваат Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“во Охрид.
АГЕНТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ И ИСПРАЌАЊЕ НА ПАТНИЦИ
ОДГОВОРНОСТИ:
Одговорен е за целосна и точна регистрација на патникот и нивниот багаж во согласност со национални и меѓународни правила и компаниски стандарди
Ги информира патниците за пасошка контрола и објавува повици за влез во авион
Помага на патниците за било каков проблем , асистира, помага и на патници со посебни потреби
Одговорен е за бординг и водење на патници од аеродромска зграда до воздухоплов и обратно
Одговорност за извшување на работата согласно системите за управување со квалитет, задоволство на клиентите и животната средина
Вршат и други работи по наредба на претпоставените раководни лица
ВЕШТИНИ И КВАЛИФИКАЦИИ:
Тимска работа
Емпатија и емоционална интелигенција
Добро познавање на англиски јазик (минимум Б1)
Добри комуникациски вештини
Проактивност и снаодливост
УСЛОВИ ОД РАБОТОДАВАЧ:
Обезбедена обука и тренинг за работната позиција
Обезбеден транспорт
Обезбеден оброк
ТРАНСПОРТЕН РАБОТНИК
ОДГОВОРНОСТИ:
Утовар/истовар на воздухолови според инструкциите дадени од Контролорот на Опслужување на Воздухоплови.
Сортира багаж во сортирница за багаж
Помага во опслужување на патници со намалена способност за движење.
Поставува подметнувачи на воздухопловите.
Се грижи за чистотата на аеродромската платформа, го отстранува сметот од воздухопловите и од аеродромската платформа
Го известува Контролорот на Опслужување на Воздухоплови за сите неправилности при опслужување на воздухопловите.
Одговорност за извшување на работата согласно системите за управување со квалитет, задоволство на клиентите и животната средина
Вршат и други работи по наредба на претпоставените раководни лица
ВЕШТИНИ И КВАЛИФИКАЦИИ:
Комуникациски Вештини
Тимска Работа
Основно познавање на Англиски јазик
УСЛОВИ ОД РАБОТОДАВАЧ:
Обезбедена обука и тренинг за работната позиција
Обезбеден транспорт
Обезбеден оброк
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на jobsmk@tav.aero
Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани. Во очекување сме на Вашите апликации!
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Administration amounts to 20.922 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!