Vrabotuvanje.com - Инженери за планирање на производство (Production Planning Engineer) - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инженери за планирање на производство (Production Planning Engineer)

Охрид

Application deadline:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
  
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, заради својот развој и трансферот на нови технологии и проекти,

има потреба од Инженери за планирање на производство (Production Planning Engineer)

 
Работни задачи и одговорности:
  • Планирање и управување на постоечките и новите производи и процеси, намалувајќи ги ризиците на проектот во сите фази на производство, употребувајќи ги LEAN алатките;
  • Соработува во донесувањето на одлуките за инвестиции на опрема, капацитет на производството и координација на трансфер на нова опрема поврзана со процесите на производство (производство на електронски делови, делови од лиење на пластика, финална монтажа на сите делови во еден склоп – финален производ)
  • Ги подготвува, спроведува и следи сите промени поврзани со производот и производството, обезбедуваќи усогласеност со барањата на клиентот за функционалност и квалитет на самиот производ;
  • Директно соработува со раководителот на проектот и тимот на инженери, тимот на одржување и тимот на квалитет со цел да се исполнат сите релевантни фази од проектот сè додека не се изврши предавањето во сериско производство, како и поддршка на истото во текот на животниот век на производот.
  • Подготвува технички упатства, листи со резервни делови, документи за превентивно одржување, и тренинг документи за нова опрема.
  • Координира интеграција на нова опрема во фабриката. Инсталација, сетирање, оптимизација на опремата до предавање на проектот во сериско производство.
  • Врши анализа на дефекти со цел навремено решавање на проблемите и намалување на прекините на производствениот процес.

Образование, искуство, вештини:
  • ВСС од Машински/Електротехнички/Технолошко-Металуршки факултет.
  • Искуство со анализа на причините и управување на ризик во целиот животен циклус на производот;
  • Познавање на работа со технички цртежи и CAD софтвер
  • Искуство со програмски јазици C++, Visual Basic, како и SAP/ERP ќе се смета за предност
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);  
  • Способност да се работи со поставени рокови.
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  
  • Најмалку 2 годишно работно искуство во производство (автомобилска индистрија ќе се смета за предност).
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.
 
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување  “Инженери за планирање на производство (Production Planning Engineer)​ " преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more