Vrabotuvanje.com - Офицер за усогласеност/ правник - Скопје - ЕКОЦЕНТАР 97 ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Офицер за усогласеност/ правник

Скопје

Application deadline:

  • ЕКОЦЕНТАР 97 ДООЕЛ

Офицер за усогласеност/ правник

Компанијата ЕКОЦЕНТАР 97 активно се занимава со управување на отпад повеќе од 20 години и денес е една од водечките компании во регионот. Нашата дејност вклучува управување со отпад од метали, електронски отпад и опасен отпад. Во моментов, имаме отворена позиција за
Офицер за усогласеност (правник).
Искуството е приоритет во однос на останатите квалификации.

Опис на работно место:
  • Подготовка на договори на англиски и македонски јазик;
  • Да обезбеди усогласеност со законите релевантни за дејноста на компанијата, како и континуирано следење на измени во законите;
  • Подготовка на правни акти (тужби, одлуки, правилници, решенија и сл.);
  • Друга административна работа (подготовка на формулари, извештаи и сл.).
Одговорности и задачи:
  • Завршено високо образование (дипломиран правник);
  • Претходно работно искуство од минимум 3 години;
  • Одлично познавање на англискиот јазик;
  • Познавање на Microsoft Word и Microsoft Excel;
  • Познавање на Закон за трговски друштва и Закон за облигационите односи;
  • Предност доколку имате познавање на Законот за Управување со Отпад,  други поврзани национални и меѓународни закони и правилници, но не е задолжително;
Други вештини и способности:
  • Проактивност, експедитивност и темелно завршување на работните задачи;
  • Добри комуникациски и организациски способности.

Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци со можност за продолжување на договорот на неопределено. Постои можност за напредување и бонус во зависност од перформансот.

Работните задачи ќе се извршуваат со полно работно време од 8 (осум) часа на ден. Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

Доколку ги имате потребните квалификации, пратете ни CV со кратката биографија, диплома за завршено образование и копијата од дополнителни сертификати (доколку има) преку полето Брза Апликација, со назнака “За позиција офицер за усогласеност”.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more