Vrabotuvanje.com - Административен асистент - Скопје - ЕКОЦЕНТАР 97 ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Административен асистент

Скопје

Application deadline:

  • ЕКОЦЕНТАР 97 ДООЕЛ

Административен асистент

Компанијата ЕКОЦЕНТАР 97 активно се занимава со управување на отпад повеќе од 20 години и денес е една од водечките компании во регионот. Нашата дејност вклучува управување со отпад од метали, електронски отпад и опасен отпад. Во моментов, имаме отворена позиција за
административен асистент.
Искуството е приоритет во однос на останатите квалификации.

Опис на работно место:
  • Подготовка на интерни извештаи и прегледи;
  • Пополнување на формулари;
  • Водење интерна евиденција;
  • Активно учество во барање на нови клиенти;
  • Континуирана комуникација со клиенти и партнери.
Професионални квалификации:
  • Одлични комуникациски и организациски способности;
  • Проактивност, експедитивност и темелно завршување на работните задачи;
  • Претходно работно искуство на слична позиција е предност;
  • Завршено високо образование е предност;
  • Способност за тимска работа во динамична средина;
  • Одлично познавање на англискиот јазик (зборување, пишување);
  • Одлично познавање на Microsoft Word и Microsoft Excel.

Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци со можност за продолжување на договорот на неопределено. Постои можност за напредување и бонус во зависност од перформансот.

Работните задачи ќе се извршуваат со полно работно време од 8 (осум) часа на ден. Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

Доколку ги имате потребните квалификации, пратете ни CV со кратката биографија, диплома за завршено образование и копијата од дополнителни сертификати (доколку има) преку полето Брза Апликациј, со назнака “Административен асистент”.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more