Сакаш да ја збогатиш својата кариера со нови вкусови?
Имаме вистинска позиција за тебе!
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДАНОЦИ
АКО МИСЛИШ ДЕКА:
- Имаш минимум 5 години релевантно работно искуство;
- Ги познаваш даночните прописи и сметководствените стандарди;
- Имаш релевантно искуство во полето на даноците;
- Си одговорна личност со развиени организациони вештини;
- Си комуникативна личност и те исполнува соработката со колеги;
- Имаш завршено Економски факултет (пожелно);
- Го познаваш МS Office пакетот,
ТОГАШ, ПОЗИЦИЈАТА СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДАНОЦИ НУДИ МОЖНОСТ ДА:
- Континуирано прегледува одреден даночен ризик и специфични категории на трансакции (во однос на ДДВ, трошоци за сместување и авионски билети, репрезентација, маркетинг и промотивни активности, донации, автомобили кои се користат за службени и приватни цели, заеми/побарувања од физички лица и др.);
- Идентификува, дефинира и обезбедува примена на правилни даночни (ДДВ) индикатори во системот, континуирано обезбедува правилен третман со ДДВ на влезните и излезните документи;
- Подготвува годишна пресметка на обврска за данок на добивка-Даночен Биланс
- Подготвува пресметка на обврска за персонален данок на доход и поднесува на портал ЕПДД
- Подготвува и поднесува целокупна документација за пресметка на одложен данок WTH TAX;
- Подготовка на месечна пријава за ДДВ;
- Тековно комуницира со даночната управа и МФ за одговор на сите прашања поврзани со даноците.
- Учествува во надзорот на Даночната управа;
- Учествува во други сметководствени работи.
ОД НАС МОЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ:
- Атлантик Група ти нуди многубројни бенефиции; покрај месечен систем на наградување, тука се и божиќница и регрес.
- На нашите вработени им стои на располагање широк дијапазон различни едукации и развојни програми во согласност со работните потреби.
- Во Атлантик на вработените им пристапуваме холистички и важно ни е да се чувствуваат добро во сите аспекти на својот живот и да постигнат баланс помеѓу приватниот и деловниот живот: Atlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Spirit i Atlantic Soul се различни програми кои ти овозможуваат да се посветиш на она што ти е важно, било да станува збор за спортски активности, едукации или волонтирање.
- Сепак, она што е најважно не е напишано на лист, ќе работиш со луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како мускетарски тим – сите за еден, еден за сите.
Заинтересиран си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.
Атлантиковци