Vrabotuvanje.com - Тест инженер - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Тест инженер

Охрид

Application deadline:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА



КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
Тест Инженер (Test Engineer) 

 
Работни задачи и одговорности:
  • Работа со широк опсег на активноти, од развој на софтвер до решавање на проблеми поврзани со функционирањето на опремата;
  • Развој на тест планови и тест извештаи;
  • Соработка со останатите инженерски оддели за дефинирање, анализирање и спроведување на тестови на продукти и системи; 
  • Спроведување на тест процедури во согласност со официјалните индустриски стандарди
  • Обезбедување опремата за тестирање да функционира на стабилен начин и да ги исполнува барањата од нејзина функционална спецификација;
  • Вршење анализа на дефекти со цел навремено решавање на проблемите и намалување на прекините на производствениот процес.
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС од електротехничка или мехатроничка струка; 
  • Искуство со програмски јазици: C++, Visual Basic;  
  • Познавање на енергетската електроника - (теорија и пракса); 
  • Способност за забележување на детали;
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности; 
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори); 
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство. 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Тест Инженер (Test Engineer) преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more