Приклучете се во тимот на Рептил маркети, работно место каде може да ги споделувате Вашите идеи, да правите мали грешки, да работите многу, да го изградите вашиот успех и личен развој, и со малку среќа изградете ја вашата Кариера.
ДПТУ “РЕПТИЛ’’ ДООЕЛ има потреба од нови вработени за работната позиција:
МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР
- Развој и одржување на брендот проследено со маркетинг активности;
- Развивање на маркетинг стратегија согласно со целите на компанијата
- Планирање и спроведување на целиот дигитален маркетинг вклучувајќи база на податоци за маркетинг, социјални медиуми и рекламни кампањи
- Дизајнирање и одржување на рекламен материјал на социјалните мрежи
- Идентификација на трендови
- Следење на конкуренцијата и постојано подобрување на маркетинг техниките;
- Користење на нови и креативни стратегии за раст
- Спроведување на анализи согласно потребите (следење и анализа на пазарот);
- Релевантно менаџерско искуство во областа на маркетинг
- Искуство во креирање и извршување на Маркетинг план, вклучително план за продажба, клучни индикатори на перформанси, SWOT анализа, критични фактори на успех, ќе се сметаат за предност;
- Висока креативност за осмислување на дигитални кампањи кои ангажираат, информираат и мотивираат
- Изразени комуникциски вештини
- Аналитичка способност
Услови што ги нуди компанијата:
- Компетативна плата
- Можност за напредување
- Обуки за кариерен раст
Аплицирајате на: http://reptilmarketi.mk/вработување или преку полето Брза Апликација.
Тел за контакт: 02/2402-765 и 076/224-804.