Vrabotuvanje.com - Соработник за експанзија за реон Косово - Косово - Кам маркет
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Соработник за експанзија за реон Косово

Косово, Kosovo

Application deadline:

  • Кам маркет


КАМ Косово е дел од компанијата КАМ доо кој претставува најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа. 
 
Бараме амбициозни вработени, ангажирани и високомотивирани личности кои ќе придонесат за натамошниот успех и развој на нашата компанија и нудиме возбудливи задачи и проекти во динамична и интернационална средина, и со цел проширување на нашиот тимот во сектор опрема, градба и експанзија во Косово, бараме личност која ќе се придружи на нашиот тим на позиција:
 
СОРАБОТНИК ЗА ЕКСПАНЗИЈА ЗА РЕОН КОСОВО
 
 
Ваши задачи:
  • Учество во планирање на стратегија за експанзија на компанијата согласно концептот на компанијата
  • Учествува во анализата на пазарот на земјиште и недвижности релевантни за браншата на малопродажба
  • Анализа  на региони , учество во процеси поврзани со преговори за земјишта и недвижности
  • Следење на јавни понуди на недвижности
  • Следење на договорни обврски во врска со недвижностите
  • Анализа на режиски и комунални трошоци за недвижностите
  • Месечни извештаи и повремени презентации на недвижности
  • Општи Административни задачи
 
Вашиот профил:
  • Високо Образование со економска, градежна или правна насока
  • Mин работно искуство од 2 год.  на иста или слична дејност ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик-задолжително
  • Познавање на српски/македонски јазик-пожелно, ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;AutoCAD
  • Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси
  • Педантност, организациски способности и комуникативност
  • Волја за успеси и постигнување на цели со мотивиран тим
  • Поседува возачка дозвола Б категорија
 
Ние нудиме:
  • Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани и ќе се запознаете со инструменти коишто подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи
 
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ Kosovo SH.P.K, Graçanicë,,Suhodoll-Magjistralja, Lipjan-Prishtinë ,10000, Prishtinë или на E-mail: jobs.ks@kam-market.mk 
 
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more