Vrabotuvanje.com - ТИМ ЛИДЕР во Одделот Процесно инженерство - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

ТИМ ЛИДЕР во Одделот Процесно инженерство

Охрид

Application deadline:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, заради својот развој и трансферот на нови технологии и проекти, има потреба од ТИМ ЛИДЕР во Одделот Процесно инженерство

 
Работни задачи и одговорности
  • Тимот за процесно инженерство е функција за подршка на сериското производство, како би се осигурало едновремено постигнување на дефинираните клучни индикатори на успешноста, со паралелно испитување на можностите за подобрување на процесот на производство, овозможувајќи истиот да се одвива побрзо и поефикасно. 
  • Раководителот на Тимот за процесно инженерство е одговорен да го води, менторира и менаџира тимот, како би било осигурено дека сите технички проекти во КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА ќе бидат реализирани со исполнување на целните индикатори на успешноста од аспект на време, квалитет и трошоци на производството. 
  • Обезбедува пополнување на одделот со вработени од аспект на потребниот број и квалификации за извршување на задачите на одделот со кој раководи
  • Обезбедува активно учество и вклученост на одделот во изработката на прототипови / изработка на пробни примероци во предсериска фаза
  • Одговорен е за непречена транзиција на проектот од фаза на предсериско во фаза на сериско производство.
  • Обезбедува употреба на технички стандарди за сериските проекти и повратна информација за стандардите 
  • Учествува во изготвување на 8D извештаи, онаму каде што е релевантно
  • Во рамките на Компанијата, а посебно со одделот со кој раководи промовира начин на размислување, ориентиран кон активности за решавање проблеми и континуирано подобрување на производните процеси.
  • Го надгледува шкартот од производството и раководи со проекти за негово намалување
  • Поддржува и придонесува во активностите за заштеда на трошоци
  • Промовирање и учествување во сценарија за решавање проблеми и/или анализа
  • Обезбедува дека сите барања на KOSTAL и клиентите во однос на процесот и развојот на производи се исполнети.
  • Ги истакнува безбедносните ризици и се грижи за чистотата (KPS/5S).
 
Образование, искуство, вештини
  • ВСС - Mашински, електро факултет или сродна област
  • Познавање на стандардите на автомобилската индустрија (ISO-TS / IATF16949, ISO-9001, 14001, AIAG-FMEA, AIAG-APQP издание, VDA 
  • Познавање на LEAN методологија
  • Одлично познавање на англискиот јазик (говори, чита, пишува)
  • Разбирање на методите MTM и REFA
  • Напредно познавање на MS Office
  • Искуство со раководење на тим од најмалку 3 години, ќе се смета за предност
  • Пожелно е познавање на електроника (SMT) и енергетска електроника
  • Ориентација на процеси и решенија со сеопфатно разбирање на производните перформанси и концепти, со способност да се разберат и да се поттикнат квалитетни перформанси низ организацијата
  • Организациски и способности за планирање и поставување на приоритети
  • Посветеност на детали, вештини на преговарање и презентирање
  • Способност да  води и развива технички тим
  • Подготвеност да ескалира до неговиот/нејзиниот претпоставен за да им даде приоритет на задачите кога е потребно
 
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Проширено приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за ТИМ ЛИДЕР во Одделот Процесно инженерство преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more