Vrabotuvanje.com - Електро инженер - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Електро инженер

Куманово

Application deadline:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ

 

Фабрика за заварени цевки 11 ОКТОМВРИ А.Д. Куманово представува производствен гигант не само во рамките на Република Северна Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита, со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

 

Електро инженер (1) извршител


 
Пријавените кандидати за оваа позиција потребно е да ги исполнуваат следните услови:
  • Дипломиран електро инженер
  • Познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Б-категорија
  • Со или без работно искуство 
     
Од бараните кандидати се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:
  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност
Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:
  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува
Сите погоре наведени документи треба да бидат испратени преку полето Брза Апликација или на адреса:  11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за Електро инженер”  или доколку документите се по е-маил истото да биде наведено во subject line.   
 
Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид. 
 
Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање.
 
Основна нето плата е согласно работното искуство и согласно систематизацијата во фабриката.
 
Со испраќање на биографија за работа, кандидатот дава изрична согласност ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД КУМАНОВО да врши обработка на личните податоци на кандидатот, како и да ги чува во збриката на личните податоци, за потребите на процесот на регрутација и селекција на кандидати за вработување, се додека има потреба од истите, по што истите ќе бидат избришани согласно Законот за заштита на личните податоци , но не подолго од 1 година од денот на испраќање. 
 
Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронска пошта на која аплицирале.

ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Electrical Engineering amounts to 22.219 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more