Финансиско друштво Флекс Кредит е водечки играч во делот на брзи кредити во Романија, Бугарија, Северна Македонија, а наскоро во Босна и Хрцеговина. Нашата компанија спроведува политика на иновации и верува дека личниот развој е најважен. Затоа се осмелуваме да се наречеме привлечен работодавец .
Согласно брзиот раст на компанијата како и тековните потреби процеси и активности на Флекс Кредит на територијата на Северна Македонија, објавуваме оглас за пополнување на следната работна позиција
Тим Лидер
Потребни квалификации и вештини:
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Вештини за преговарање и убедување
- Ориентираност кон резултати
- Аналитичко размислување и вештини за приоритизирање
- Способност за тимска работа и негово управување
- Познавање на англиски јазик
- Релевантно искуство од најмалку 1 година ќе се смета за предност
Услови од компанијата:
- Атрактивна плата плус месечни бонуси
- Можност за професионален развој и напредување
- Можност за дополнителна обука и тренинг
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Опис на работни задачи:
- Навремена и ефикасна услуга на клиентите вo Филијала
- Презентација на продуктите и услугите на Флекс Кредит, во Филијала и на терен
- Пополнување на барања за кредит и аплицирање во име на корисниците и исплата на истите
- Наплата на долговите согласно политиката на Флекс Кредит
- Развој и одржување на базата на клиенти
- Создавање и управување на тим од Кредитни Консултанти
- Обучување на Кредитни Консултанти
- Мотивирање и контрола на терен на Кредитни Консултанти
- Остварување на продажби во однос на иднивидуалните и тимските месечни цели
Аплицирањето може да го направите на самиот оглас со притискање на копчето АПЛИЦИРАЈ со назнака Тим Лидер-Филијала Куманово.