Vrabotuvanje.com - Административен асистент - Скопје - ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДООЕЛ Велес
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Административен асистент

Скопје

Application deadline:

  • ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДООЕЛ Велес

Друштвото за проектирање, надзор и инжинеринг ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДООЕЛ Велес е компанија лоцирана во Македонија, чија примарна дејност е проектирање и стручен надзор над изведба на патишта. Поради зголемен обем на работа Друштвото за проектирање, надзор и инжинеринг ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДООЕЛ Велес има потреба од вработување на
 

Административен асистент

 

Идеалниот кандидат би бил високо мотивирана и одговорна личност, ориентирана кон детали и запазување на рокови, и добар тимски играч во тим на млади професионалци.

Опис на работнo место:

  • Поради потреба од административна помош во спроведувањето на тековните и идните проекти, во потрага сме по одговорна, трудољубива, љубезна личност, ориентирана кон детали, личност која почитува зададени рокови, добар тимски играч и со познавање на Aнглиски јазик (пишан и говорен)

Минимум потребни квалификации:

  • Образование: Минимум ССС
  • Работно искуство: Претходно искуство на слична работна позиција ќе се смета за предност
  • Познавање на канцелариско работење
  • Познавање на Англиски јазик (пишан и говорен)
  • Познавање на Excel и MS Office алатки
  • Возачка дозвола „Б“ категорија


Опис на работни задачи:

  • Прием на повици, интензивна телефонска и е-маил кореспонденција
  • Подготовка на документи, архивирање и праќање и прием на пратки
  • Изготвување на фактури и останата административно - финансиска документација
  • Подготовка и достава на документација до сметководството
  • Водење на архивата и следење на реализацијата на договорите
  • Други работи од значење на проектите кои се во тек

Нудиме:

  • Плата 22.000 денари
  • Годишен одмор од најмалку 20 работни дена
Писмо за мотивација и кратка биографија со фотографија да се достават по електронска пошта преку полето Брза Апликација.
• По пошта на адреса: ул. Даме Груев бр. 18, Скопје најдоцна до 21.04.2022 година.
Работното време започнува од 08:30 часот до 16:30 часот во просториите на ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДООЕЛ Велес кои се наоѓаат на ул. Даме Груев бр. 18 - Скопје.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more