Vrabotuvanje.com - Координатор за материјали и планирање во логистика - Струмица - АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Струмица
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Координатор за материјали и планирање во логистика

Струмица

Application deadline:

  • АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Струмица

Adient e еден од најголемите глобални добавувачи на автомобилски седишта со 75.000 вработени на 230 локации во светот, меѓу кои е и Адиент Аутомотиве Струмица, каде произведуваме автомобилски седишта за сите класи на возила за сите големи ОЕМ производители. Доколку сакате да стекнете искуство во меѓународна компанија организирана според најдобрите бизнис практики, да стекнете личен и професионален развој, да ги користите бројните бенефиции, но и да бидете дел од едно возбудливо искуство, приклучете се на нашиот тим со повеќе од 1.300 вработени! 


КООРДИНАТОР ЗА МАТЕРИЈАЛИ И ПЛАНИРАЊЕ ВО ЛОГИСТИКА


Со следните квалификации и компетенции:

  • Универзитетска диплома (ИТ или Технички факултет),
  • Работно искуство во процесот на набавка на материјали, нивно процесирање низ производниот процес и софтверски,
  • Систем за следење на залихите,
  • Многу добро познавање на англискиот јазик (вербална и писмена форма),
  • PС вештини - Excel, Word, интернет, познавање на софтверски Дата бази, апликативни софтверски решенија (QAD),
  • Добри комуникациски вештини - може ефикасно да комуницира со сите нивоа во компанијата,
  • Одлични организациски способности - способност да поставува приоритети, способност за работење повеќе задачи истовремено и почитување на зададени рокови,
  • Тимски дух, самоиницијативност, позитивен и смирен и при работа под притисок,
  • Возачка дозвола Б категорија.


За извршување на следните работни задачи:

  • QAD техничка поддршка на секторот логистика и магацин,
  • Активно учество во следење на инвентарот,
  • Известување, одржување и преглед на BOM процесот,
  • Учество во решавање на проблемите во секторот,
  • Поддршка во имплементирање на нови и постоечки процеси за подобрување.


Адиент Аутомотиве Струмица на своите вработени им нуди:

  • Пријатна и мотивирачка работна средина,
  • Конкурентни плати, бонуси и награди,
  • Тренинзи и обуки, можности за професионален раст и развој,
  • Oбезбеден оброк и превоз, како и други бенефиции.

Силно сме посветени на обезбедување на еднакви можности, инклузивност и разноликост и ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да се пријават за наведените позиции.

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим испратете ваша апликација, кратка биографија (CV) на: vrabotuvanje@adient.com до 20 април 2022г. Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост.

Со аплицирањето Вие станувате дел од нашата база на податоци, доколку во самата апликација не го наведете спротивното.  Ќе бидат контактирани само избраните кандидати.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more