Vrabotuvanje.com - Техничар за одржување на опрема и возила - Скопје - ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Техничар за одржување на опрема и возила

Скопје

Application deadline:

  • ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

TAV MACEDONIA EMPLOYS!

 

 

ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата

ЗАПОЗНАЈТЕ НÈ

ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 92 аеродроми во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од водечката платформа за управување со аеродроми на глобално ниво. Во Република Северна Македонија, ТАВ Аеродроми ги опслужуваат Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид.

 

 

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ОПРЕМА И ВОЗИЛА

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ​:

  • Врши превентивно сервисирање на целата аеродромска опрема и возила
  • Врши работа во полето на одржување на моторни возила и опрема (поправка на мотор, диференцијал, менувач и др.)
  • Врши дневна контрола на исправноста на аеродромската опрема во употреба 
  • Води пишана евиденција за активностите извршени во смената
  • Учествува во работата на други одделенија во Одделот за одржување (одделение за електрика)
  • Работи со вилушкар за потребите на  Одделот за  Одржување
  • Обучен е за одржување на нови типови на возила и опрема
  • Се грижи за уредноста и хигиената  на работно место
  • Одговорен за извршување на работата во согласност со системите за квалитет, животна средина и задоволство на клиенти 
  • Врши други работи по наредба на претпоставените менаџери

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно образование (IV степен)

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ:

  • Тимска работа
  • Комуникациски вештини
  • Компјутерски вештини
  • IT писменост
  • Добро познавање на Англиски јазик
  • Ориентираност кон тимска работа
  • Пожелно претходно работно искуство минимум 2 години во областа

 

​Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација со назнака „ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ ОПРЕМА И ВОЗИЛА“

Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.

Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Installations, Maintenance and Repairs amounts to 24.722 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more