Rikomak Copier Service ги бележи своите скромни почетоци од 1991 година, како единствен снабдувач, увозник, и сервисен центар на Nashua фотокопири во Република Македонија. Со зголемената побарувачка на решенија за печатење и копирање, во комбинација со професионализам и стручност на сервисниот центар, компанијата доживеа раст, a притоа континуирано го одржа нивото на квалитет.
Ја задржавме нашата позиција на пазарот со нагласување на важноста на квалитетот за нашиот бизнис, на исто ниво како и нашите ценети клиенти. Во суштина, ние се стремиме да им обезбедиме производи и услуги кои ги задоволуваат и дури ги надминуваат нивните очекувања.
Посветени сме на континуирано усовршување и имаме воспоставено систем за управување со квалитет кој обезбедува рамка за мерење и подобрување на нашите перформанси.
ДОСТАВУВАЧ НА ПРАТКИ
- Минимум средно образование
- Пожелно претходно работно искуство во дистрибуција
- Возачка дозвола Б – категорија/активен возач
Одговорности и задачи:
- Навремена дистрибуција на производите
- Реализација на наплата на доставени фактури
- Развивање и одржување на односите со коминтентите
Очекувани вештини и способности:
- Динамични лица, насочени кон остварување резулатите
- Организирани и мотивирани личности
- Способност за работа под притисок и со кратки рокови
- Флексибилност за работа на терен
Ние нудиме:
- Редовна плата + бонуси од сработеното
- Службен телефон и службено возило
- Обезбедена обука
- Работно време од понеделник до петок 08:00 - 16:30ч
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил,
пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
Повеќе информации на: www.rikomak.mk