Vrabotuvanje.com - Стручно лице за безбедност и здравје при работа - Скопје - ГД ГРАНИТ АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Стручно лице за безбедност и здравје при работа

Скопје

Application deadline:

  • ГД ГРАНИТ АД Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Стручно лице за безбедност и здравје при работа - 1 извршител


Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните услови:
  • ВСС Дипломиран инженер за заштита при работа или дипломиран инженер од Техничките струки
  • Предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат уверение за положен стручен испит за безбедност при работа или кандидат кој ќе ги исполнува условите за добивање на уверението
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години, на исто или слично работно место
  • Познавање на Англиски јазик и Работа со компјутери
  • Да поседува возачка дозвола Б категорија
 Клучни одговорности и задачи:
  • Ги следи законите од областа на заштита при работа
  • Ја координира заштитата при работа во работната единица и води евиденција за сите активности за заштитата при работа
  • Соработува со надлежните републички и општински инспекциски служби
  • Соработува со специјализирани медицински установи со цел организирање систематски прегледи на работниците
  • Врши контрола на градежните објекти и укажува на можни опасности предизвикани од неисправноста на уредите и орудијата за работа  или неприменување на мерките за заштита при работа.
  • Предлага забрана за изведување одредени работи на објекти и погони ако тие непосредно се опасни по животот и здравјето на работниците
  • Изготвува анализи за повредите, професионалните и општи заболувања, предлага мерки за превенција од истите

Компанијата нуди:
  • Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
  • Стабилност и можност за личен развој
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
  • Работа на објект Автопат Кичево-Охрид

Личен профил:
  • Способност во организирање  на ресурси и поставување на приоритети
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за координација и работење со рокови
  • Висока работна етика
  • Доверливост
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,30 до 15,30 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
 
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи. 
 
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk. 
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција..

Известување за заштита на лични податоци на кандидатите за вработување

  • Процес на обработка на лични податоци: Селекција на кандидати за вработување во ГД ГРАНИТ АД Скопје
  • Правен основ: Закон за заштита на личи податоци РСМ бр.42 од 16.02.2020
  • Контролор: ГД ГРАНИТ АД Скопје   
  • Кои лични податоци ги обработуваме и кој се има пристап до истите: Ние ги обработуваме само личните податоци кои ги имате наведено во Вашата лична биографија Пристап до Вашите лични податоци имаат само вработените и менаџерите кои се одговорни за спроведување на процесот за избор на кандидати и Генералниот директор на друштвото
  • Од каде ги добиваме Вашите лични податоци: Преку Вашата апликација на vrabotuvanje.com.mk или jobs@granit.mk
  • Зошто ги обработуваме Вашите лични податоци: Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат за отворената работна позиција
  • Чување на  вашите лични биографии: Во период од 6 (шест) месеци од денот на завршување на огласот
  • Повеќе информации за обработката на личните податоци од страна на Друштвото и начинот на остварување на правата на субјектите на личните податоци, можете да најдете на следниот линк

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more