1. Служба за изготвување на калкулации за нискоградба и хидроградба – 1 извршител
Потребни квалификации:
- Дипломиран Градежен инженер
- Работно искуство најмалку 5 години во подготовка на калкулации за градежни работи од областа на нискоградба и хидроградба
- Напредно познавање на работа со компјутери
- Активно познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски јазик
2. Служба за изготвување на калкулации за високоградба – 1 извршител
Потребни квалификации:
- Дипломиран Градежен инженер
- Работно искуство најмалку 5 години во подготовка на калкулации за градежни работи од областа на високоградба
- Напредно познавање на работа со компјутери
- Активно познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски јазик
Компанијата нуди:
- Работен однос на определено време од 6 месеци со можност за продолжување
- Стабилност и можност за личен развој
- Градење на успешна кариера
- Можност за надградба на професионален план
- Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
- Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
Личен профил:
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
- Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија
- Тимски ориентирана личност
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и во дадени рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот.
Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција..