ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата
ЗАПОЗНАЈТЕ НÈ
ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 92 аеродроми во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од водечката платформа за управување со аеродроми на глобално ниво. Во Република Северна Македонија, ТАВ Аеродроми ги опслужуваат Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид.
СМЕТКОВОДИТЕЛ
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
Контрола и книжење на девизни фактури и калкулации поврзани со увоз
Контрола и книжење на патни налози од службен пат на вработените
Контрола и книжење на пресметката за плата
Контрола и книжење на месечни акруали поврзани со месечни трошоци, кредит, задржан данок
Евидентирање и контрола на трансакциите со благајничко работење и менувачница
Составување и поднесување на месечни ДДВ Пријави
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
VII степен (Високо образование Економски факултет)
Способност за интерпретација и анализа на финансиски извештаи
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЛИЦЕНЦИ:
Лиценца за овластен сметководител
ВЕШТИНИ:
Комуникативност
Добро организациски вештини
Добро познавање на MS Office
Искуство со ЕРП системи
Тимска работа
Работа под притисок на кратки временски рокови
УСЛОВИ:
Работното време е административно, од 8 до 16 часот.
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација со назнака „СМЕТКОВОДИТЕЛ “
Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!