Vrabotuvanje.com - Стручен соработник - Скопје - НЕЛТ СТ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Стручен соработник

Скопје

Application deadline:

  • НЕЛТ СТ ДООЕЛ
 

Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени,
Ја сакате продажбата!

Бидете дел од НЕЛТ СТ!


Кои сме ние?
Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем.  Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.

Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 11 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.

Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Vitalia, Campina, MladegsPak, Teekanne, Baby Food Factory, А1 Makedonija, Bau Center.

Вработуваме:
Стручен соработник

Опис на работната позиција:
  • Развивање и одржување на соработка со клучните купувачи и клиенти и одговарање за остварување на планираните цели кои се однесуваат на брендовите и артиклите од постоечкото продажно порфтолио кое го застапува
  • Развивање стратегија за зголемување на можноста за одржување на состаноци и разговори со клучните контакти во медицинските и здравствените установи
  • Остварување на редовни работни состаноци со лекари и фармацевти на кои ги усмерува и поттикнува за создавање на свест кај нивните клиенти за производите од портфолиото кое го застапува
  • Претставување на производите во здравствените установи и аптеки
  • Планирање, организирање и извршување стручна презентација на производите од портфолиото на лекарите и фармацевтите, а во врска со тераписката употреба на производот, начинот на делување истакнувајќи ги карактеристиките и предностите на секој производ
  • Одржување на детална евиденција на базите на податоци
  • Ефикасно управување со трошоците
 
Услови и компетенци:
  • VII  стручна спрема - Фармацевтски, Медицински или Стоматолошки факултет
  • Одлично познавање на Microsoft Office пакетот
  • Возачка дозвола B категорија (активен возач)
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
 
Што нудиме?
  • Одлична работна атмосфера
  • Можност за развој и унапредување преку соодветни развојни планови и точно дефинирани тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент
 
Доколку сакате да станете  дел од нашиот успешен и победнички тим, а сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 6.5.2022 год.
 
За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
или испратете го Вашето CV во 
Нелт СТ, ДООЕЛ
на ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје

Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.
 
Запознајте дел од нашите брендови:
 

​Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more