Vrabotuvanje.com - Систем администратор - Скопје - ФЕНИКС Фарма
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Систем администратор

Скопје

Application deadline:

  • ФЕНИКС Фарма


ФЕНИКС Фарма ДООЕЛ е водечка веледрогерија на локалниот пазар и е член на германската групација PHOENIX, која е присутна во 25 земји ширум Европа. Водејќи се од нашата визија да бидеме најдобриот интегриран давател на здравствени услуги, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

Доколку сте прилагодливи, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:
 
 
 
СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР
 
 

Одговорности:

  • Прво ниво на локална IT поддршка (Ticketing software) 
  • Систем администрација (Microsoft платформа)
  • Администрација на мрежи (Cisco)
  • Прво ниво на апликативна поддршка (SAP, URA WMS, CRM)
  • Одржување на хардверот (PC)
  • Одржување на локалната ICT инфраструктура

Квалификации:

  • ССС/ВСС информатички науки 
  • Искуство во работа како Service Desk first level support
  • Искуство во IT администрација, Microsoft сервер, Networking и PC Hardware
  • Познавање на англиски јазик и посебна стручна терминологија
  • Поседување на MCP и CCNA сертификат ќе се смета за предност
  • Познавање на SQL ќе се смета за предност
  • Висока работна етика, доверливост и одговорност кон доверените работни задачи
  • Подготвеност за работа со кратки временски рокови
 
Ние нудиме работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите вештини во динамична работна средина.
Работниот однос за позицијата ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 07:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава преку полето Брза Апликација.
 
Рок на пријавување 7 дена од датумот на објавување на огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификаци
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи. 
Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот. 
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: personal@elpharma.com.mk

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more