Промедика Медикал Центар е приватна поликлиника која Ви нуди широк спектар на специјалистички услуги и професионална и квалитетна нега од дијагноза до рехабилитација во пријатен амбиент. Промедика Медикал Центар го сочинуваат тим стручни лица спремни со своето знаење, искуство, трпеливост и љубезност да се грижат за вашето здравје, почитувајќи ги највисоките стандарди и принципи на современата медицина и препораките на СЗО.
Приемот на пациенти се извршува во современо опремен и топол амбиент во кој ќе се чувствувате пријатно добредојдени во секое време. Во нашата установа работат стручњаци од различни медицински области кои со помош на најсовремената опрема се во можност брзо и прецизно да постават дијагноза и да ординираат соодветна современа терапија.
Во моментов, објавува оглас за регрутирање на искусни кандидати за 3 слободни работни позиции:
- Средно образование
- Претходно работно искуство на иста позиција ќе се смета за предност
- Ја одржува хигиената во хотелот
- Водење евиденција на средствата за одржување на хигиената
- Вредна и одговорна личност
- Педантност и темелност
- Позитивен и енергичен пристап кон работата
МЕДИЦИНСКА СЕСТРА
- Завршено медицинско образование (положен државен испит)
- Задолжително познавање на Англиски јазик
- Пожелно е претходно работно искуство на иста позиција
- Професионален и љубезен однос кон клиентите
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и со кратки рокови
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
Работни задачи:
- Организира административни и организациски задачи при работењето
- Извршување на набавки
- Изработка на документи
- Поднесување на документи до институции/клиенти
- Набавка на канцелариски материјали
- Архивирање и скенирање на документација
- Останата административна поддршка
Доколку сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика преку полето"Брза Апликација" со задолжителна назнака за позицијата за која аплицирате.
Контакт: 071/ 301-301 и 02/ 3248-470
www.promedikaoftalmologija.mk