Vrabotuvanje.com - Инженер за контрола на квалитет на производство - Скопје - ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инженер за контрола на квалитет на производство

Скопје

Application deadline:

  • ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДООЕЛ
 
 
ТЕ-ТЕ ПЛАСТ д.о.о.е.л. е извозно ориентирана компанија која што се занимава со изработка на алати/калапи за бризгање/дување пластика, лиење на алуминиум и сериско производство и монтажа на компоненти од пластика. 
 
За потребите на Секторот за управување со квалитет нудиме можност за ангажирање на определено време на кандидат за следната позиција:

ИНЖЕНЕР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОДСТВО
 
 
Одговорности:
  • Имплементација, реализација и одржување на системот за управување со квалитет и заштита на животната средина и неговите барања во организацијата
  • Поставување стандарди за квалитет, како и здравје и безбедност осигурувајќи дека  производниот процес ги исполнува меѓународните и националните стандарди
  • Евалуација на соодветните индикатори на СУК
  • Разгледување на барањата на клиентите и обезбедување на информација дека тие се исполнети
  • Обезбедување на квалитет на производи во пред-серија, разработка и преглед на  спецификации за производи или процеси
  • Надгледување на сите постапки за развој на производи за да се идентификуваат отстапувањата од стандардите за квалитет
  • Разбирање на потребите на клиентите и барањата за развој на ефективни процеси за контрола на квалитет
  • Утврдање на барањата за квалитет од надворешни добавувачи
  • Обезбедување на квалитет на производи во серија
  • Следење на перформансите преку собирање релевантни податоци и изготвување на статистички извештаи
  • Изработка и поднесување на извештаи врзани со квалитетот до клиент
  • Организирање и имплементирање на обуки поврзани со работните упатства врз база на барањата за квалитет од страна на клиентите
  • Подготовка на документација во рамки на проект
  • Изработка и решавање на рекламации
  • Анализа и план на активности за отклонување на неусогласености
  • Организирање и релизирање на редовни и вонредни интерни проверки
  • Водење на проверки од страна на клиентите
 
Квалификации и компетенции:
  • Диплома од технички факултет
  • Работно искуство во автомобислка индустрија и работење со стандардот ISO TS 16949 ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на Office програми
 
Способности:
  • Способност за работа во тим
  • Одговорност
  • Иницијативност и адаптабилност организациска способност за работа под притисок и запазување на крајни рокови
  • Со или без работно искуство
 
Што нудиме?
  • Предизвикувачко и технолошки напредно работно окружување 
  • Можност за професионален развој во согласност со меѓународни стандарди за квалитет

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат и да достават свое CV со назнака „ИНЖЕНЕР ЗА КОНТРОЛА ЗА КВАЛИТЕТ, преку полето Брза Апликација. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Те-Те Пласт д.о.о.е.л.
Ул. Борис Трајковски 135,1000 Скопје
T: +389 2 2467 741, Ф: +389 2 2467 742

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more