Прехрамбената индустрија Стиза од Битола произведува прв македонски чипс од произведен македонски компир. Заради зголемување на обемот на работа Стиза има потерба од нови вработени.
Комерцијалист/ амбулантна продажба
Обврски на кандидатот:
- продажба по рутен план
- посета на секој коминтент на неделно ниво
- отпочнување на соработка со нови коминтенти
- мерчендајзинг
- проширување на асортиманска застапеност
- следење на наплата и комуникација за истата со коминтентите
- комуникација со претпоставените од зададениот реон
- анализа на пазарот
Ние нудиме:
- динамична работна средина
- фиксна плата + бонуси за остварување на зададените месечни таргети
- можност за усовршување на продажни вештини
- можност за напредување
- работа 40 часа неделно
Ние бараме:
- исполнителност
- тимски дух
- посветеност
- комуникативност, флексибилност и професионалност
Потребни квалификации:
- минимум ССС
- претходно работно искуство не е потребно, но ќе се смета за предност
- возачка дозвола Б категорија
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација или на тел 072/204-292.