Vrabotuvanje.com - ИТ Администратор - Охрид - ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

ИТ Администратор

Охрид

Application deadline:

  • ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ

Друштво за производство и услуги ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид во Северна Македонија е основана во 1961 година и се приклучи на LTH Castings Group во 2005 година. Почнувајќи од 60-тите години како снабдувач за автомобилската индустрија на поранешна Југославија, покривајќи различни категории на делови и материјали, компанијата еволуираше во структуриран и економичен производител на алуминиумски компоненти, базиран на техничко знаење на стручни кадри.

ЛТХ Леарница има потреба од следната работна позиција:

ИТ Администратор
Одговорности:
  • Грижа за отстранување грешки и дефекти на машинската и програмската опрема заедно со овластен сервисен центар, водење проекти за изградба на информациски систем;
  • Соработка при воведување нови компјутерски обработки,изработка и одржување на компјутерски програми за потребите на корисниците, грижа за подготвување потребни податоци, контрола и обработка
  • Тестирање на програмите и податоците
  • Контрола на работата на корисниците на компјутерскиот ситем
  • Грижа за заштита на податоците
  • Да предлага нови идеи и начини за подобрување на работата на Дирекцијата и останати работни задачи кои произлегуваат од самата организациска единица
  • Почитување на стандардите и правилата на Друштвото

Потребни услови:
  • Англиски говорен и пишан (задолжително), српско-хрватски јазик (совладан)
  • Напредни компјутерски вештини
  • Одговорна, толерантна и комуникативна личност
  • Желба за работа, иницијативност
  • Активна возачка дозвола Б категорија
  • Валиден пасош

Услови за работа:
Позицијата бара повремено користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – административен дел со активности во производниот дел.

 
Останато:
  • Почетeн месечен надоместок, обезбеден топол оброк
  • Покриени трошоци за превоз до работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • Исплата на новогодишен надоместок
  • Награди и бонуси согласно покажани резултати
  • Доброволно приватно здравствено осигурување
  • Обука надвор од границите на државата

Краен рок на поднесување CV на линкот подолу: 27/05/2022

*Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото во рок од 120 дена. Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more