Vrabotuvanje.com - Возач на миксер за бетон - Скопје - ГД ГРАНИТ АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Возач на миксер за бетон

Скопје

Application deadline:

  • ГД ГРАНИТ АД Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Возач на миксер за бетон – 3 извршители


Потребни квалификации:
  • Средна стручна спрема
  • Минимум 3 години работно искуство како возач на миксер за бетон
  • Возачка дозвола Ц категорија

Клучни одговорности и задачи:
  • Доследно го применува упатството за ракување и одржување на транспортните и други возила и ги извршува сите работи предвидени со упатството за ракување и одржување на возилото и тоа: промена на масло, филтери, систем за ладење, мерни инструменти, исправност на сопирачкиот систем, подмачкување, чистење, притегнатост на склопови, делови и друго и е одговорен за нивната доследна примена;
  • Секојдневно ја проверува и контролира исправноста на транспортното средство со кое е задолжен;
  • Ги применува и употребува предвидените заштитни средства и мерки при работа и движење на возилото за лична сигурност и сигурност на другите лица-учесници во сообраќајот;
  • Благовремено  го известува раководителот на транспортни средства за настанатите промени и дефекти во работата на возилото со кое е задолжен и презема лично активности и мерки за поправка на возилото при монтажа и демонтажа на делови, гуми и друго.

Компанијата нуди:
  • Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
  • Стабилност и можност за личен развој
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
  • Работа на објекти во Скопје

Личен профил:
  • Способност во организирање  на ресурси и поставување на приоритети
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за координација и работење со рокови
  • Висока работна етика
  • Доверливост
 
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,30 до 15,30 часот.

Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
 
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи. 
 
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или преку полето Брза Апликација.
 
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748.  и 071 227-218
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција..

Известување за заштита на лични податоци на кандидатите за вработување

  • Процес на обработка на лични податоци: Селекција на кандидати за вработување во ГД ГРАНИТ АД Скопје
  • Правен основ: Закон за заштита на личи податоци РСМ бр.42 од 16.02.2020
  • Контролор: ГД ГРАНИТ АД Скопје   
  • Кои лични податоци ги обработуваме и кој се има пристап до истите: Ние ги обработуваме само личните податоци кои ги имате наведено во Вашата лична биографија Пристап до Вашите лични податоци имаат само вработените и менаџерите кои се одговорни за спроведување на процесот за избор на кандидати и Генералниот директор на друштвото
  • Од каде ги добиваме Вашите лични податоци: Преку Вашата апликација на vrabotuvanje.com.mk или jobs@granit.mk
  • Зошто ги обработуваме Вашите лични податоци: Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат за отворената работна позиција
  • Чување на  вашите лични биографии: Во период од 6 (шест) месеци од денот на завршување на огласот
  • Повеќе информации за обработката на личните податоци од страна на Друштвото и начинот на остварување на правата на субјектите на личните податоци, можете да најдете на следниот линк

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more