Vrabotuvanje.com - Координатор на програми за вработување во странство со германски јазик/Административен асистент - Територија на Р.Македонија - Контекст Вработување
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Координатор на програми за вработување во странство со германски јазик/Административен асистент

Територија на Р.Македонија

Application deadline:

  • Контекст Вработување
 
 

Контекст, приватна агенција за посредување при вработување има потреба од работник на следните работни позиции:
 

 

1. KООРДИНАТОР НА ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО СО ПОЗНАВАЊЕ ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

2. АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
 

 

1. Координатор на програми за вработување во странство со познавање на германски јазик

Доколку сакате предизвик, лесно се приспособувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место координатор на програми за културна размена и вработување во странство, со полно работно време (09:00 – 17:00 ч).

Одговорности и задачи:

  • Презентација на програмите за долгорочно вработување и програмите за сезонско вработување на студенти и културна размена;
  • Препознавање и дефинирање на потребите на клиентите;
  • Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти и партнери;
  • Изготвување потребна документација;
  • Евидентирање на кандидати и соодветната документација;
  • Поставување приоритети при работењето;
  • Придржување кон куси временски рокови поврзани со работните задачи.

Потребни квалификации:

  • Германски јазик ниво Б2 (пишан и говорен);
  • Активно познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
  • Претходно работно искуство од минимум 1 година во агенција за вработување;
  • Претходно учество во програма за културна размена / програма за привремена работа во странство (пожелно);
  • Претходно работно искуство во Call Center (пожелно);
  • Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите.

Личен профил:

  • Трпеливост, непристрасност и љубезност спрема странки;
  • Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети;
  • Самоиницијативен, снаодлив и тимски работник;
  • Одлични комуникациски и презентерски вештини;
  • Амбициозност и мотивираност, со желба за континуиран напредок и обука;
  • Ориентираност кон клиентите и одржување добри професионални односи.

2. Административен асистент

Опис на работни задачи:

  • Изработка на целокупната документација поврзана со вработувањето (договори за вработување, анекси на договори, потврди, решенија, спогодби и други акти согласно ЗРО);
  • Водење на досиеата на вработените лица и клиентите (во електронска и хартиена форма);
  • Испраќање на пошта и водење на книга за пошта;
  • Подготовка и ажурирање на податоците во електронска база на кандидати;
  • Комуникација со клиенти и времено вработени;
  • Комуникација со релевантни институции (АВРСМ, ФЗО, ПИОМ и сл.);
  • Архивирање и скенирање на документи и управување со документацијата (договори, понуди, фактури и сл.);
  • Комуникација со сметководство и водење на внатрешни и надворешни фактури;
  • Одговарање на телефонски повици;
  • Организација на настани.

Бараме:

  • Завршено минимум средно образование;
  • Организација на настани;
  • Со или без работно искуство;
  • Познавање на германски и англиски јазик;
  • Одлично познавање на работа со компјутери (МS Office-Word,Excel, Power Point);
  • Ориентација кон детали;
  • Висок степен на лична организираност.

Понуда:

  • Работа на полно работно време од 09:00 до 17:00;
  • Обезбедена обука;
  • Динамична работна средина;
  • Фер и коректно плаќање.
     

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, испратете го Вашето CV со задолжителна  назнака за која работна позиција аплицирате на следната е-маил адреса:: vrabotuvanje@kontext.mk.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more