Vrabotuvanje.com - Менаџер на ресторан - Скопје - БУШИ ФАШИОН ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Менаџер на ресторан

Скопје

Application deadline:

  • БУШИ ФАШИОН ДОО


​Буши Ресорт & СПА, Скопје.

Уживајќи во извонредната локација во срцето на градот - античката Стара чаршија - ова уникатно одморалиште со 5 ѕвездички во Скопје „Буши хотел & СПА“ се наоѓа веднаш до најпознатите градски атракции како Старата чаршија, џамијата Мустафа Паша, црквата Свети Спас, Националниот музеј и е на само неколку чекори од главните амбасади, државните институции и деловните згради. СПА центарот во склоп на хотелот е единствениот од ваков вид во целиот регион. Тој нуди затворен базен, џакузи, 5 простории за масажа, места за масажа на стапалата, Финска сауна, солена сауна, многу професионална и добро опремена турска бања, соблекувални, тушеви. Буши хотел и СПА располага со 2 конференциски сали - конференциска сала Вардар и ресторан Чаршија.  Доколку сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворени позиции за Вас.

Поради голем обем на работа и проширување на капацитетот Буши Ресорт СПА има потреба од
 

менаџер на ресторан

 
 

Потребни квалификации:

  • Минимум 1 година работно искуство на слични или исти работни места
  • Активно користење на англискиот јазик, по можност познавање на друг странски јазик
  • Добри организациски вештини, висок степен на лична ефикасност и одговорност​

Опис на работата:

  • Организирање на настани
  • Организира и распоредува персонал на сите работни задачи во рамките на сервисниот простор.
  • Прави неделен распоред на работниците според барањата за работа и води евиденција за работата.
  • Одржува дневен работен лист и го контролира присуството на работници на работа
  • Го објаснува дневното мени на персоналот и им дава инструкции како да послужуваат храна и пијалоци.
  • Се грижи за чистотата на сервисните простории, како и за чистотата на средствата за работа.
  • Ги пречекува, прима и испраќа гостите и се грижи за нивното сместување во ресторанот.
  • Прифаќа оправдани забелешки и поплаки на гостите во врска со храната, пијалоците и работата на персоналот, презема мерки за елиминирање на негативноста и се стреми да ги задоволи желбите на гостите.
  • Се грижи за добра координација на ресторанот,кујната и другите одделенија и соработува со кујната, рецепцијата и другите одделенија за решавање на секојдневните тековни работи.


Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го достават преку полето Брза Апликација со назнака за која работна позиција се аплицира.

Ќе бидат контактирани само апликациите кои ќе влезат во потесен круг на селекција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more