БИМА Логистика е компанија специјализирана за увоз, маркетинг, продажба и дистрибуција на производи за широка потрошувачка и официјален застапник за реномираните брендови: Elephant, Corny,Trolli, Joya ,4U, Jabolcelo, Riegelien, Halloren, Fini, и други. Поради проширување на тимот бараме
КОМЕРЦИЈАЛИСТ за регион: Скопје (Импулс канал и Локални Ланци/Маркети)
Одговорности и работни задачи
- Земање нарачка во продажно место според Рута План и навремено евидентирање на истите електронски во софтверската апликација за нарачки.
- Директно се грижи за успехот на секој свој бренд преку најдобра примарна и секундарна позиција на секое продажно место.
- Успешно менаџирање на категории на рафтови по продажен објект.
- Ја следи листата на должници и презема активности за наплата на побарувањата.
- Ги следи активностите на конкуренцијата во продажно место, идентификува можности и предлага активности за развој на продажбата.
- Прибира податоци од секое продажно место во врска со степенот на продадени, дистрибуирани и присутни производи на залиха кај купувачот и врши редовна проверка на нивните рокови на употреба.
Нудиме мотивирачки бонуси и солидна основица, а бараме да ги имате следниве квалификации и квалитети:
- Универзитетска диплома, познавање на англиски јазик, како и завршени тренинзи/обуки за продажба и маркетинг активности, се сметаат за предност.
- Педантен, приципиелен и со одлични организациски вештини.
- Проактивност и систематичност.
- Самоиницијативен, снаодлив и тимски работник.
- Одлични комуникациски и презентациски вештини.
- Аналитички способности, упорни и енергични.
- Способност за работа под притисок и со задачи со кратки лимитирани рокови.
- Позитивен пристап, љубезност и учтивост.
Ги замолуваме сите заинтересирани кандидати да ни пратат CV преку полето Брза Апликација најдоцнa до 31.05.2022. со Назнака/Subject: КОМЕРЦИЈАЛИСТ.